Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло, информираат од УХМР.
Од таму додаваат дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а наместа, по должината на Повардарието, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во текот на ноќта во крајните северозападни делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.
В четврток ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.