Утрово во скопското село Грчец полицијата привела 20-годишно лице, кај кого била најдена дрога.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според информациите од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, пронајдени се и одземени ќеса со кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.
С.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.