Приведени дилери во Дебар, пронајдена е марихуана

пред 3 години

Синоѓа на излезот од Дебар кон Маврово, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар во кооординација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Л.(19) и малолетник, двајцата од Дебар.

При преглед кај нив била пронајдена и одземена ќеса со марихуана.

Тие биле приведени во ОВР Дебар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top