Приведен крадец во Скопје, за кражба на паричник и чанта

пред 4 години

Полициски службеници од OВР Кисела Вода го привеле 27-годишниот Ф.П. од Скопје поради сомнение дека на подрачје на ОВР Кисела Вода извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин и обид за „тешка кражба“ на дрзок начин.

На 06.10.2020 на ул.„Михаил и Евтихиј“ од И.Т.(86) од Скопје одзел паричник, а на 04.12.2019 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје на А.К.(19) се обидел да и одземе чанта.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, каде што бил препознаен од оштетените.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top