Приведен штипјанец кој крадел од продавница

пред 3 години

Врз основа на судска наредба, штипската полиција вчера уапсила 43-годишен жител на овој град, со иницијали Т.З, за издржување на казна затвор за сторено кривично дело кражба.

При преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнувале од кражба извршена која, околу 10 часот, ја извршил од продавница на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип.

Украдените предмети биле вратени на сопственикот, а Т.З. бил спроведен во струмичкиот затвор.

Share
Scroll to Top