Денес, во CUPRA Garage Порше Македонија официјално го претстави најновиот модел на брендот – CUPRA Terramar, кој за првпат влегува на македонскиот пазар. Со оваа премиера, CUPRA ја продолжува својата експанзија и го засилува своето присуство во најбрзо растечкиот SUV сегмент во Европа, но и во Македонија.

Дизајн што освојува на прв поглед

Внатрешност фокусирана на возачот
Внатрешноста на CUPRA Terramar нуди нова интерпретација на спортскиот дух – кокпит ориентиран кон возачот, нагласен со прогресивен дизајн на централната конзола и премиум материјали, што создава простор каде технологијата и емоциите се спојуваат во едно.
Моќни погони за секој стил на возење
Terramar е достапен со различни погони, вклучувајќи ја и најновата генерација на plug-in hybrid (eHybrid) технологија, која испорачува импресивни 272 коњски сили (200 kW) и повеќе од 100 километри целосно електрично возење.
Во Македонија се достапни погоните:
TERRAMAR – 1.5 eTSI DSG 150, 2.0 TSI 204 DSG 4×4 и 1.5 TSI PHEV DSG 205
VZ – 2.0 TSI DSG 265 4×4 и 1.5 TSI PHEV DSG 272

Динамика што го дефинира CUPRA духот
За максимално возачко уживање, CUPRA Terramar доаѓа со стандардна спортска суспензија, прогресивен управувач, како и со напреден адаптивен систем на шасија, овозможувајќи прецизно управување, стабилност во свиоци и врвна динамика на секој пат.
CUPRA – бренд во подем
Со премиерата на Terramar, CUPRA има комплетно портфолио на модели и продолжува со својата успешна приказна. Од 2018 година досега, брендот има испорачано околу 700.000 возила, а глобалната мрежа брои над 800 CUPRA Garage ширум светот.

Произведен во Европа, создаден за новата ера
CUPRA Terramar е дизајниран и развиен во Барселона, а се произведува во фабриката на Audi во Ѓер, Унгарија.
Со CUPRA Terramar, брендот покажа дека иднината припаѓа на оние кои имаат храброст да бидат различни.

ПР текст
Текстот Промоција на целосно новиот CUPRA Terramar во Македонија е превземен од МАКФАКС.





