Разбиена криминална група која шверцувала дрога во македонски затвори

пред 3 години

Криминалистичката полиција во соработка со СВР Скопје, поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.М. од Дебар, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

За истото кривчно дело против Р.А.(35) од с.Житоше, прилепско, Г.Х.(42) од Р.Албанија, Ф.П.(29), М.Ѓ.(29), В.М.(34), тројцата од Скопје и П.Ѓ(32) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 16 ноември, албанскиот државјанин пренел дрога од Албанија на македонска територија и во Дебар му ја предал на 27-годишниот А.М., кој пак, по претходен договор со неговиот сограѓанин П.Ѓ., ја префрлил преку оградата на затворот „Теферич“ во Струга.

По извршен полициски претрес во собата каде П.Ѓ. издржувал казна затвор поради недозволена трговија со дрога, била пронајдена марихуана, семки од растението канабис, мобилен телефон и сим картичка, со што било утврдено дека П.Ѓ. повторно го извршил кривичното дело.

По преземени мерки било утврдено дека 35-годишниот Р.А. од прилепско Житоше во ноември од лице од Албанија ја набавил марихуаната, по што во комуникација со А.М. се договорил да ја пренесе преку зелениот појас на државната граница.

На 22 ноември 27-годишниот дебранин дрогата ја предал на 29-годишниот Ф.П од Скопје.

Потоа, на 25 минатиот месец прилепчанецот и дебранецот ја продале на затвореникот за сума од 3.000 евра.

На 26.11.2020 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници сопреле возило, управувано од В.М., во кое бил и М.Ѓ. и при преглед на истото била пронајдена марихуана и неколку мобилни телефони.

Истиот ден бил извршен претрес во викенд куќа во селото Моране, сопственост на М.Ѓ., каде биле пронајдени и одземени килограм марихуана и пиштол калибар 8 мм без рамка.

Тој ден бил извршен претрес и на Р.А. во КПД Прилеп, при што му бил одземен мобилен телефон и СИМ картичка.

Р.А. веќе издржува затворска казна од тр и ипол години за недозволена трговија со дрога, па откако при преглед од полициски службеници извршен на 2 декември, му биле пронајдени 5 килограми марихуана, додека ја издржува казната, било утврдено дека тој го повторил кривичното дело.

При претрес извршен кај 27-годишниот дебране А.М., пак, биле пронајдени и одземени парични средства во износ од 3.000 евра, во различни апоени во денари и евра.

Од извршеното вештачењето било утврдено дека станува збор за маса од 2,7 килограми марихуана.

 

Share
Scroll to Top