Расправија меѓу Бојан Јовановски и судијката поради пораките од неговиот телефон

пред 3 години

Судот самостојно ги гледал докзите кои не биле изведени, обвини Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко, Миле Јовановски и асистенката, Кристина Блажевска.

Според него, судијката Софче Гаврилова-Ефремова, пристапила до материјали од телефонот на Боки 13 и ги гледала, без да се побара тоа од адвокатите, обвинетите, обвинителот.

Дуковски тврди дека ваквите постапки се незаконски.

Текот на денешното судење беше тензичен, со надвикување и удирање по масите.

Боки 13 и Дуковски ѝ укажуваа на судијката дека не може да се најдат пораките помеѓу него и функционерите, што биле на телефонот кој беше одземен. Судијката, пак, убедуваше дека не е така.
Таа донесе лаптоп, со помош на вработен во судот, а кога го отворија дискот, следеше жестока реакција од Боки 13 рече според кого постапка е незаконска.

Судијката Гаврилова-Ефремова го опомена адвокатот Дуковски и Боки 13 дека ќе ги избрка, ако продолжат да зборуваат без да добијат збор.

Дуковски по судењето рече дека Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистенката Кристина Блажевска не дале одбрана само бидејќи не се изведени доказите од телефонот и на распит не се повикани посочените сведоци, од кои најголемиот дел се ексфункционери од Владата.

Од него следуваше и жестока реакција бидејќи судијката го отвори дискот со материјали без барање од странките.

“Ова што денес се случи е незабележано, повторувам со големи бувки. Ова е незабележано во судска пракса, надвор од главна расправа, судот сам, со којзнае кого, веројатно некои ИТ техничари, отворил интимен материјал кој не може да го отвора без предлог од обвинител, самостојно”, кажа Дуковски.

Судењето се одложи.

Share
Scroll to Top