Во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 биле аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.
Од таму додаваaт дека заклучно со 19 октомври вакцинирани се вкупно 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани.
54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат здравствените власти.