Рикер и Палмер на средба со Османи: Стартот на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одложува

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Охрид се сретна со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата на маса било ставено европското досие на Северна Македонија, при што било посочено дека одлуката за официјален старт на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одложува од причина што земјата ги има исполнето сите потребни услови и критериуми за тоа да се случи.

„За нас САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме за да ја поттикнеме регионалната стабилност. Како двајца сојузници во НАТО, целта е да ги зајакнеме нашите односи во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме на можностите за деловните активности на двете земји“, истакнал министерот Османи.

Share
Scroll to Top