СДСМ: Мицкоски ист како Груевски, за него почетокот на преговорите било уништување за државата

пред 2 години

Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор Никола Груевски, тие двајца одлучноста да се европеизира земјата преку почетокот на преговорите и пријателството со соседите секогаш ја претставувале како уништување на државата, велат од опозициската СДСМ.

Додаваат дека европскиот пат ја носи земјата напред, но само за Мицкоски, како што напоменуваат тоа било уништување.

„Лицемерниот Мицкоски пред неполн месец кога Алтернатива ја повикуваше во коалиција, тоа го претставуваше како коалиција за спас на државата, а денеска кога му е јасно дека останува во опозиција, за Алтернатива вели дека е партија која ќе ја уништела државата. Ова е лицемерно, неодговорно, несериозно и нечесно однесување на Мицкоски, ова е неговото вистинско лице“, се потенцира во напишаното соопштение од страна на СДСМ.

Со таков однос, додаваат од партијата на власт, Мицкоски уште долго ќе биде опозиција, затоа што секому му е јасно дека тој едно мисли, друго зборува, а сосем трето прави.

Share
Scroll to Top