СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поскапеа струјата за 100% и ја укинаа евтината тарифа без енергетска криза

пред 3 години

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата се зголеми за 100 отсто, а добар дел од овој период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ, соопшти СДСМ.

„ Без да има каква било глобална енергетска ВМРО-ДПМНЕ ја укина и дневната евтина тарифа, а потоа како опозиција се противеше на нејзиното враќање. Денес, Вадата предводена од СДСМ и во услови на глобална енергетска криза презема мерки за справување со истата како и заштита на стандардот на граѓаните и стопанството.

Навремено се активирани сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори со цел да се намали зависноста од увоз на скапа струја што директно влијае врз цената на електричната енергија.

Истовремено, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари со кои ќе им помогне на околу 7.500 семејства од ранливи категории преку субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Владата и надлежните институции ја следат состојбата во енергетскиот сектор и подготвени се да се справат со сите предизвици кои ќе следат во наредниот период.

СДСМ продолжува со реализација на мерки за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор“ се додава во соопштението.

Share
Scroll to Top