Очајниот Мицкоски станува изолиран маргиналец заглавен во режимо-радикална матрица кој освен лажни вести и деструкција не може ништо друго да понуди, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски одамна ја нема поддршката од граѓаните, тие јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште долго ќе бидат опозиција“, порачуваат од владејачката партија и додаваат дека како што граѓаните досега три пати го поразиле Мицкоски, така ќе го поразат и на следните предвремени локални избори во Штип.