СДСМ: Пецаков треба да одговара наместо да се заканува со тужби

пред 2 години

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, реагира СДСМ откако Пецаков најави тужба против Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради, како што рече, клевети и несовесно работење и изнсување на заштитени здравствени податоци во јавност.

„Без ниту малку срам, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков наместо да се извини, се заканува со тужби. Факт е дека Пецаков додека чекал резултати од тест за Ковид 19, наместо во изолација, беше помеѓу граѓаните на Водици. Факт е дека Пецаков, според надлежните институции има решение за изолација. Факт е и дека Пецаков на Водици, беше заедно со Христијан Мицкоски на литургија во црква“, велат од СДСМ.

Од Социјалдемократскиот сојуз додаваат дека наместо да покажат минимум одговорност и совест и да им се извинат на охриѓани, Пецаков се заканува со тужби за наводно монтиран случај, а Мицкоски го нема да објасни дали застанува во заштита на неговиот охридски градоначалник.

СДСМ додава дека Пецаков треба да одговара како и секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје.

Пецаков претходно денеска ја посочи можноста неговиот позитивен тест да бил фабрикуван од, како што вели, кујните на власта, или да се работи за некаква грешка во тестирањето.

Share
Scroll to Top