СДСМ: Со новите 110 километри велопатеки во Скопје, Арсовска денес може да оди на работа со велосипед од Ѓорче до Центар

пред 2 години

„Данела Арсовска бесрамно лаже дека велосипедистите во Скопје не можат да се движат по велосипедските патеки и дека се тие попречени. Малиот број велосипедски патеки беа попречени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје, а за време на СДСМ велосипедските патеки се ослободени од автомобили, обезбедени се со столпчиња, а мрежата на вело-патеки достигна 110 километри.

Ослободен е и градскиот кеј кој долги години беше затворен за велосипедисти. Изградена е велопатека од Ѓорче Петров до Маџари и на исток до Ново Лисиче и Пинтија. Изградени се 10 конектори, поставени се преку 100 паркинзи за велосипеди, направен е првиот Велоштад во Скопје, а изградени се и два памптрака.

Скопје е веќе меѓународно признаено како „Велоград“ и се посочува како позитивен пример на град на кој му завидуваат соседните градови, како што е Софија. Со пробивањето на велопатеката на „Партизански Одреди“ по улицата 4-јули во 2019-та, каде Арсовска пријавила живеалиште, таа сега за 25 минути може да стигне до Центар“.

Соопштение на СДСМ

Share
Scroll to Top