Молчи Мицкоски, молчи Белиот дворец, откако ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП) ги поддржа ставовоите на Бугарија, се вели во соопштението од СДСМ.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Од партијата наведуваат дека Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) со Резолуцијата го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено тврди дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“
Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.
Христијан Мицкоски се крие, наместо да излезе пред граѓаните и да одговори зошто го прави ова?
Да одговори дали и самиот гласаше за оваа Резолуција, со која се поткопува позицијата на државата во однос на Бугарија.
Залудно Мицкоски се крие и молчи, граѓаните се уверија дека уште еднаш на виделина излезе неговиот лажен патриотизам, лицемерието и антидржавното делување, се вели во соопштението.