Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

пред 3 години

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен.

За случајот ја информирале тетовската полиција, која излегла на терен за да ги евакуира.

Во куќата беа двајцата сопружници и две малолетни деца и тие не можеа да излезат надвор и да заминат кон Скопје, велат од полицијата.

Во викендичката, немало ни електрична енергија, ниту пак резерви од храна и огрев.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа била ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат.

Членовите на семејството потоа биле безбедно пренесени до нивниот дом во Скопје.

Утрово од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека на Попова Шапка има највисока снежна покривка, 40 сантиметри.

Share
Scroll to Top