Педесет и петгодишен маж, со иницијали Ш.В. починал додека го возел својот автомобил на патот Битола-Прилеп, пред Тополчани.
Од МВР велат дека управувајќи го возилото, со прилепски регистарски ознаки, тој се пожалил на болки во градите на сопатничката Л.В.М..
Извршен бил увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.