По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите, рече Силјановска-Давкова.
Денеска кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова во рамките на кампањата беше во Mаврово каде што оствари средба со граѓани.
Во своето обраќање од Маврово, Силјановска-Давкова порача:
„Маврово има посебна вредност за Македонија и затоа и државата и граѓаните мора да се грижат за оваа природна и човечка убавина. Мора да запре систематското уништување на животната средина и да запре урбанистичкиот хаос во Националниот парк Маврово. Невидено е во една ваква природна убавина заштитена со закон во 21 век да се градат дивоградби во заштитени зони, да се дозволува во езерото да се влеваат фекалии, не смееме да го уништуваме тоа што ни го дала природата затоа што на тој начин сами се уништуваме.
Уште пострашно е кога и пратеници кои се претставуваат како екологисти, а учествуваат во уништувањето на животната средина и заштитени национални богатства.
По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите и ќе се регулира животната средина но и правото на граѓаните да живеат достоинствено во секој поглед“.
Текстот Силјановска-Давкова: Пратеници кои се претставуваат како екологисти, учествуваат во уништувањето на животната средина е превземен од МАКФАКС.