Сојузот на синдикатите ја блокира улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата, што според пресметките би изнесувала 16.164 денари, а не 18.000 како што бараат Синдикатите.
Сојузот очекува позитивен одговор на нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор веднаш. Во спротивно, најауваат генерален штрајк.
Претходно, синдикатите порачаа дека се подговени да ги објават и имињата на пратениците кои нема да гласаат за измените на Законот за минималната плата.