Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

пред 2 години

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45 луѓе.

Според информациите од МВР, В.Е. од Скопје на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза.

„ Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на Македонија, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје“ соопшти МВР.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено Известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top