Скопјанка примала пари од Германија и не плаќала данок

пред 3 години

Триесет и петгодишна скопјанка е обвинета за даночно затајување. Таа примала пари преку брз трансфер од неколку лица од Германија, а приходот не го пријавила и одбегнала да плати данок.

Пријавената А.А. како физичко лице во текот на 2020 остварила приход од 2.693.150 денари преку брз трансфер на пари од неколку лица од Германија и го уплатила на своја трансакциска сметка во банка во Скопје. Остварениот приход таа не го пријавила и не поднела годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и на тој начин одбегнала да плати данок на доход од 10% од вкупниот доход, што е спротивно на Законот за данок на личен доход и Законот за даночна постапка. На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 269.315 денари.

Share
Scroll to Top