Тетовец загина во Струмичко, додека пешачел го удрил мотоцикл

пред 3 години

Во струмичката полиција синоќа (4 јуни) околу 22 часот бил пријавен трагичен сообраќаен инцидент кај селото Владевци.

Според пријавата, во близина на крстосницата со патот кој води за селото Сушево мотоцикл „јамаха“ со штипска регистрација, управуван од Т.Т. (50) од Радовиш, удрил во 70-годишен пешак со иницијали К.Ѓ. од селото Милетино, општина Брвеница – Тетово.

Пешакот починал на самото местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во болница.

Увид на местото извршила екипа од струмичката полиција.

Share
Scroll to Top