Тројца Индијци илегално се обиделе да влезат во земјава

пред 2 години

Приведени се три лица од Индија, кои илегално се обиделе да влезат во Македонија.

„На 11.02.2022 околу 22.00 часот кај с.Радожда од полициски службеници од Полициска станица Франгово приведени се Р.С.(26), С.А.(29) и Д.Т.(36), сите од Индија, поради илегално преминување на границата и нелегален престој во државата“, велат од полицијата.

Лицата се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top