Уапсен дилер од Велес, полицијата пронашла различни видови дрога спакувани за улична продажба

пред 3 години

Велешката полиција на 26 јануари го уапсила 41-годишниот Љ.Т. од Велес, поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, по претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашеста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари.

Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top