Филипче: Славите да се одбележат само со најблиските, да нема групирања

пред 3 години

Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, годинава да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите за да се спречи натамошно ширење на заразата со Ковид-19.

Во објава на „Фејсбук“ министерот укажува дека следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на Ковид-19 и поради тоа е потребна максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски.

„Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона-кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top