Хеликоптерот што беше испратен за гаснење на пожарот во Галичник е приземјен поради силниот ветер

пред 3 години

Хеликотерот што го испрати Армијата за гасење на силниот пожар над Галичник е приземјен заради многу силниот ветер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Шумскиот пожар заради засилениот ветар сe’ уште претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.

„Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар“, велат од ЦУК.

Во координација се регионалните центри за управување со кризи коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари.

Како што претходно беше соопштено, на терен се екипи од противпожарната служба, како и екипа на Национален парк.

Во меѓувреме, се’ уште е активен и пожарот во Беровско, од вчера, којшто засега не претставува опасност по населените места.

Share
Scroll to Top