Џафери упати телеграма со сочувство поради смртта на Едуард Кукан

пред 2 години

Со неверување и длабока жалост ја примив веста за смртта на почитуваниот поранешен европратеник, Едуард Кукан, напиша во телеграмата со сочувство, претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Во оваа прилика, во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во свое лично име упатувам најдлабоко сочувство до неговото семејство, колегите во Европскиот парламент и најблиските соработници на Универзитетот Комениус во Братислава.

Би сакал да изразам особена благодарност за неговиот значаен придонес, заедно со останатите колеги од Европскиот парламент, во рамките на Дијалогот Жан Моне за унапредувањето на политичкиот дијалог во Собранието на Република Северна Македонија, особено во контекст на евроинтеграцискиот процес“, пишува Џафери кој особено го истакнува визионерството на Кукан за обединување на Европа со интеграција на земјите од Западен Балкан, кое, како што вели собранискиот спикер, ќе остане завет за актуелните и идните генерации.

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка и пратеник во Европскиот парламент почина на 83-годишна возраст.

Share
Scroll to Top