135 сообраќајни прекршоци во Скопје

пред 3 години

Во вчерашните акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 135 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол.

Изречени биле шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 59 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР.

Share
Scroll to Top