188 санкционирани возачи на мотоцикли

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 188 возачи, од кои 65 биле исклучени од сообраќај, соопшти полицијата.

Од нив, според МВР, 116 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 48 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и за други прекршоци.

Oд оваа институција најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top