216 сообраќајни прекршоци во Скопје, 40 за управување под дејство на алкохол

пред 3 години

На територија на град Скопје во вчерашните акциски контроли од страна на МВР биле изречени вкупно 216 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 63 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за возач почетник.

Изречени биле и 48 санкции за прекршоци што ги направиле пешаците, 40 мерки за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top