232 сообраќајни прекршоци во Скопје, 34 за брзо возење

пред 3 години

По засилените сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 232 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Биле изречени 14 казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци што ги направиле пешаците, девет прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, 65 казни за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top