Вчера во период од 22 часот до 05 часот било констатирано дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 564 прекршоци, додаваат од ресорното министерство.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.