Заврши привремениот престој во Македонија за нова група од 39 граѓани на Авганистан.
![]()
Претпладнето од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во здружената глобална акција за помош на авганистански цивили. Се работи за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка.
![]()
Во рамките на спасувачката мисија, во Македонија во моментов престојуваат 503 авганистански граѓани кои се згрижени од институциите со целата потребна поддршка и помош. Од земјава до сега заминаа 217 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот.




