Утрово од 08 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што се санкционирани 60 возачи.
14 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.