65-годишна охриѓанка тешко повредена по удар од автомобил

пред 3 години

65-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повредни откако во неа удрило патничко возило, соопшти полицијата.

Имено вчера во 20.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(59) од Охрид, удрило во пешакот В.К.(65) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Share
Scroll to Top