Денеска Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 67 возачи. 10 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица дури над 70 километри на час над пропишаната брзина, соопшти полицијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови напоменуват од оваа институција и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.