94 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 94 возачи, од кои 42 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола.

При акциската контрола санкционирани се и 125 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top