Mитева: Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки

пред 12 месеци

На партиска анкета на над 50.000 граѓани, 94 отсто потврдиле дека со исти пари купуваат двојно помалку од лани. Ова го истакна на прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Опозициската партија ги добива одговорите од трите анкетни прашалници кои биле доставени до граѓаните на клучни места со најголема фреквенција – пред маркетите, пред институциите и пред патарините. Како што велат од партијата, станува збор за најголемата теренска анкета која што некогаш е спроведена во земјата.

На прашањето дали со пазарењето граѓаните ги задоволиле своите егзистенцијални потреби на неделно ниво, 70 отсто одговориле дека воопшто не ги задоволиле, 17 делумно и 13 отсто целосно ги задоволиле своите потреби.

„Одговорот зошто резултатите на ова прашање се вакви го добиваме во одговорот на следното прашање. А тоа е која е причината поради која пазарите помалку. Фрапантни 85 отсто одговориле затоа што цените се поскапи, а трошоците за живот превисоки. 9 отсто одговориле дека пазарат исти количини, а 7 отсто одговориле дека имаат помали потреби во семејството. Потврда дека животот е се полош со оваа власт е и одговорот на прашањето дали минатата година со истите пари граѓаните ја пополниле истата кошница каде 94% од граѓаните одговориле дека истата е за половина попразна“, рече Митева.

Портпаролката заклучи дека одговорите на овие анкетни прашалници уште еднаш потврдуваат дека платите се ниски, а трошоците за живот превисоки, и повика на протест на 18 јуни во 20 часот пред Владата.

Share
Scroll to Top