Oсмани ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Грузија и на амбасадорот на Казахстан

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадорката на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Тамуна Лилуашвили и акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Жанибек Абдрашо.

Министерот Османи посакувајќи им успешна мисија на амбасадорката Лилуашвили и амбасадорот Абдрашо, изрази задоволство од досегашниот развој на односи меѓу двете земји кои се темелат на традиционално пријателство и меѓусебното разбирање.

„Назначувањето на прв нерезидентен амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, е вистински чекор за натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави“, истакна Османи.

Министерот Османи нагласи дека и со Република Казахстан ќе продолжи нагорниот тренд во меѓусебната соработка, посебно во економската сфера, за што постојат бројни неискористени можности.

Амбасадорката Лилуашвили и амбасадорот Абдрашов се заблагодарија на топлиот прием, и истакна дека Грузија и Казахстан се подготвени за натамошен развој на билатералните односи со Република Северна Македонија, врз основа на меѓусебното почитување и заедничкиот интерес во повеќе области.

Share
Scroll to Top