Тешко повредено малолетно лице од Росоман откако во него удрил автомобил вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Росоман.
Возилото „пежо“ го управувал Б.М.(33) од Велес.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Кавадарци.