Денеска во периодот од 00.30 часот до 02.00 часот, на подрачјето на Полициска станица Битола, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спровеле заедничка акциска контрола во угостителски објекти во Битола.
При контролата биле затекнати 4 лица без ковид-сертификат и едно лице со лажен ковид-сертификат, за што се изречени соодветни санкции. За време на контролата од страна на УЈП и ДПИ регистрирани се и други неправилности за кои, исто така, се изречени соодветни мерки.