(Видео) Ангелова од трибината во Кочани: Ја имаме формулата за најдоброто за секоја општина

пред 3 години

Пратеничката на СДСМ Марија Ангелова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани нагласи дека СДСМ докажа дека е партија којашто делува слушајќи го гласот на граѓаните, заедно со граѓаните креира мерки и политики што гарантираат развој и напредок.

„ Така и ќе продолжиме, вашиот глас ќе биде слушнат и уважен, во претстојниот период, во програмата за локалните избори, ќе влезе она што е најдобро за граѓаните, доаѓаат уште подобри денови за нашата општина“, порача Ангелова.

Таа се осврна на минатата година, полна со тешки предизвици за Владата и за секој граѓанин, додавајќи дека и во услови на пандемија донесовме 6 пакета мерки за поддршка на стопанството и граѓаните, со кои се сочуваа над 100 000 работни места, по разни дополнителни основи, помогнавме над 400 000 граѓани и над 35 000 компании.

„ И покрај борбата со пандемијата од една страна и последиците на претходниот режим од друга страна, ние сепак постигнавме резултати за кои со гордост може да зборуваме“, истакна Ангеова,

Таа наведе дека минималната плата е покачена, се зголемија платите на околку 200 000 вработени и тоа во повеќе сектори, за прв пат во историјата на нашата држава, се воведе социјалната пензија, за прв пат се воведе и поврат на ДДВ, изградивме и обновивме преку 500 километри патишта.

„ Станавме полноправна членка на најмоќниот воен сојуз – НАТО, и покрај сите притисоци, успеавме да го зачуваме идентитетот на нашата држава, истакна Ангелова.

„ Ние ја најдовме формулата за најдоброто. Имаме централна власт предводена од СДСМ којашто е максимално посветена на граѓаните, а во случајот со Кочани, и исклучително квалитетна локална власт, порача Ангелова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.

Share
Scroll to Top