Дури и бројките кои излегуваат од статистиката на СДСМ рушат негативни рекорди. Во месец мај според ДЗС имаме инфлација со нов рекорд, измерени се 11% инфлација во споредба со истиот месец лани, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Ако го прифатеа предлог законот за акцизите со кој треба акцизите на течните горива да се намалат за 50% и законот за ДДВ со кој треба да се намали ДДВ за храна од 5% на 0%, а на горивата од 18% на 5%, цената на горивата уште веднаш ќе се намали и ќе има огромно олеснување на буџетот на граѓаните. Денеска горивата ќе беа и за 25 денари поефтини доколку СДСМ се откажеше од 50% од акцизата. Со тие 25 денари помалку во цената на горивата ќе се помогнеше и на земјоделците, и на транспортерите, и на индустријата, но и на граѓаните. Доколку се прашувате дали е реално да се намали акцизата за 50%, одговорот е да реално е. Тоа се само 50-тина милиони евра годишно на сметка на буџетот, но огромна помош за граѓаните и семејните буџети во криза. Власта не се откажува затоа што нема од што да го полнат буџетот и нема како да крадат“, истакна Митева.
Додаде дека поевтиното гориво ќе значи поевтино производство и извоз и поконкурентна економија во криза. Тоа, според неа, ќе ја стимулира потрошувачката и ќе ја раздвижи економијата.
„Исто така, доколку се усвои нашиот предлог на закон за ДДВ, храната уште веднаш ќе се намали за минимум 5%. А зошто го прават тоа? Одговорот е едноставен, затоа што ова се пари од кои власта на СДСМ не сака да се откаже и по секоја цена сакаат да ги земат парите од џебот на граѓаните. Премногу е! ВМРО – ДПМНЕ нема да се откаже од борбата да им обезбеди на граѓаните подостоинствени услови за живот. Протест за промени на 18 јуни и предвремени избори се решението за излез од кризите кои оваа неспособна влада ги создава!“, подвлече Митева на денешната прес-конференција.