ВМРО-ДПМНЕ: Додека се грижи Филипче за личните интереси, луѓе умираат

пред 3 години

Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот во државата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека бројката на заболени секој ден се зголемува.

„Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција Модуларната болница. За каква контрола говори Филипче додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина. Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија. За руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за во недела некако е несигурен“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, истите колчичини на вакцини кои власта ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, но датум за ниту една вакцина како што велат, нема.

„Додека се грижи Филипче за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top