ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се фати за работа, Заев се радува на 8 илјади донирани вакцини

пред 3 години

Цел регион се вакцинира, сите нарачуваат милионски количини, само Заев се радува на 8 илјади вакцини кои ги добива како донација, наместо да се фати за работа и да набави вакцини за сите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција следува откако денеска здравствените власти соопштија дека денеска се регистрирани 21 починат пациент како последица од Ковид-19.

„Тоа се 21 семејства завиени во црно. Тоа се 21 лице чии животи можеа да бидат спасени, ако Заев и Филипче набавеа вакцини навраме“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека секој поминат ден без вакцини е уште еден ден на загубени човечки животи кои можеле да бидат спасени.

„Стоилковиќ рече дека се достапни 90.000 кинески вакцини на владата за брза имплементација. Зошто до сега владата и Филипче не преземаче никакви активности за набавка на вакцините? Заев и Филипче мора да одговараат за тоа што до сега ја лажеа јавноста дека вакцините само што не стигнале. Вакцини нема, додека сите во регионот се вакцинираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top