Вчера се вакцинирале 14.084 граѓани, соопшти Министерството за здравство

пред 3 години

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирале вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а се вакцинирале вкупно 14.084 граѓани. Во државата се аплицирани вкупно 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 492.662 граѓани, велат од здравство.

Додаваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

„Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 Арената, СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, соопштија здравствените власти.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Share
Scroll to Top