Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска реагирала до властите во Скопје поради навредливите антибугарски пароли на протестите во земјава против францускиот план за решавање на билатералните односи, пишува софиски „Стандарт“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Антибугарските пароли на протестите, според весникот, биле причина бугарското Министерство за надворешни работи да испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје.
Од бугарското МНР појаснуваат дека особено загрижувачки е што злонамерните појави во јавноста ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни взаемно прифатливи решенија во интерес на евроинтеграцијата на Скопје.
„Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, додаваат од бугарското МНР.