Од Националната Галерија најавуваат плодна културна програма за 2022 година. Националната галерија, додаваат од таму, изразува благодарност до Министерството за култура на Република Северна Македонија за поддршката на Годишната програма.
Месецот март со својот календар донесе две вонпрограмски содржини. Прв настан беше изложбата со наслов „Процут кон женственоста“ по повод Меѓународниот ден на жената, а со вториот настан, во соработка со Францускиот институт од Скопје, се придружуваме кон одбележувањето на Денот на Франкофонијата. И во давата проекти беа/се претставени дела од богатата ризница на Националната галерија.
Понатака, продолжуваме со претставување на убавините на една не така далечна земја, лулка на историјата, културата и модата.
28 март-21 април 2022, Чифте амам „Убавините на Италија“ изложба на фотографии од Архивот Алинари, Италија
Куратор Горанчо Ѓорѓиевски
23 април 2022, Венеција, Италија 59. Венециско биенале, “Landscape experience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска
Април 2022 Социјална инклузија, подигнување на свеста во борба со аутизмот
29 април 2022, Даут пашин амам,Лавиринт на уметноста 2
5 мај – 31 јули 2022, Даут пашин амам, Ретроспективна изложба на Димитар Кондовски
27 мај 2022, Мала станица, 13. Младински пролетен салон
Мај – јуни 2022, Даут пашин амам, Годишната изложба на основни училишта
Јуни 2022, Чифте амам, Самостојна изложба на Свјетлан Јунаковиќ, уметник од Хрватска во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“
7 – 30 јули 2022, Чифте амам, „Пресек“, самостојна изложба на Иванчо Талевски
4 август – 4 септември 2022, Чифте амам, „Трилогија“, Дриант Зенели
4 – 24 септември 2022, Чифте амам, Самостојна изложба на Кирил Геговски
28 септември – 28 октомври, Чифте амам, Јубилејна изложба „Миле Корубин, 100 години од раѓање“
Октомври 2022, КИЦ Тирана, Албанија, Изложба на акварели од Колекцијата на Националната галерија
Октомври-ноември 2022, Даут пашин амам, Ретроспективна изложба на Илија Аџиевски
Ноември 2022, Мала станица, Изложба на уметничката група XXL од Бугарија
Ноември 2022, Чифте амам, Ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе
Декември 2022, Чифте амам, Изложба на жанр сцени од Колекцијата на Националната галерија
Декември 2022, Мала станица, Истражување, изложба и монографија „Уметноста на движечки слики во Република Северна Македонија“
Декември 2022/ јануари 2023, Даут пашин амам, „Ликовното творештво на Анета Светиева“
Декември 2022, Чифте амам, „Јубилеј 30 години творештво на Нехат Беќири“
3 декември 2022, Чифте амам, Социјална инклузија по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
Издавачка дејност, Од ризницата на Националната галерија, публикација
Националната галерија е една ед најреномираните институции во Република Северна Македонија која поседува богата колекција на ликовни дела од четиринаесеттиот век до денес. Оттука, реално се наложува потребата од изготвување на репрезентативно издание кое сеопфатно ќе ја претстави Колекцијата на НУ Национална галерија на Р.С.Македонија.
Вакво издание, во кое преку репродукции ќе се претстават најрепрезентативните дела со комплетни податоци е значајно не само за нашата институција и стручната јавност, туку и за презентирање на македонската ликовна уметност пред домашната и светска јавност. Воедно, ова издание, ќе послужи како сериозна референтна литература за сите студенти по историја на уметност, ликовна уметност, историја, музеологија, културолошки студии и основа за идни сериозни научно-истражувачки проекти и нивни проучувачи.
Носители на проектот, виш кустос Славица Алексоска, Виш кустос Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос Маја Чанкуловска Михајловска
Музејска дејност и заштита на културното наследство
Конзерваторско-реставраторски работи на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели) од Спомен куќата на Лазар Личеноски.
Конзерваторско-реставраторскиот проект ќе биде реализиран во неколку фази. Во првата фаза, оваа година, се планира да бидат конзервирани 20 ликовни дела (слики и цртежи). Процесот на конзервација и реставрација ќе го извршува стручен тим од Националната галерија и надворешни соработници.