Градоначалникот Ганиу го посети првото бебе родено во 2022 година во Чаир

пред 4 години

Првото бебе родено во Чаир во 2022 година е машко, тешко 4180 гр. и е родено во 2 часот и 33 минути по полноќ.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу заедно со директорот на Гинекологија Чаир, Башким Исмаили и медицинскиот персонал, ги посетија новороденчето и мајката Ангела Гелевска.

При тоа, Општина Чаир на првото новороденче му подари симболична сума од 15.000 денари.

„ Им посакав добро здравје и на бебето и на мајката. Додека како што бев информиран од медицинскиот персонал во Гинекологија Чаир после полноќ до денес во 12 часот се родени 6 бебиња и на сите им посакуваме добро здравје“, изјави Ганиу.

Share
Scroll to Top